Манчестер Сити ќе постави статуа на Давид Силва пред „Итихад“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити одлучи да постави статуа на шпанскиот фудбалер Давид Силва пред „Итихад“ како благодарност за децениската верност која играчот за врска ја имаше кон „граѓаните“. Со елиминацијата на Манчестер Сити од Лион во Лигата на шампионите, официјално заврши сезоната за тимот на Пеп Гвардиола, а Давид Силва заминува од клубот откако цели десет години го носеше светло-синиот дрес на клубот.

Еден од малите стадиони во фудбалската академија на Манчестер Сити исто така ќе го носи името на Давид Силва. Шпанецот за десетте години во Манчестер Сити одигра вкупно 436 натпрвари, освои четири шампионски титули во Премиер – лигата, два трофеи во ФА купот на Англија, пет пехари во Лига-купот и три пехари од „Комјунити Шилд“.

 

 

 

Се вчитува...