Манчестер Сити лесно го реши Фулам

Манчестер Сити се врати на врвот на премиерлигашката табела откако тимот на Пеп Гвардиола рутински славеше на гостувањето против Фулам со 0-2.

Целата работа „граѓаните“ си ја завршија во првите 25 минути игра од натпреварот, откако Бернардо Силва го отвори резултатот, а Португалецот потоа му асистираше на Агуеро при погодокот за 0-2. Свесни за пеколното темпо на натпревари пред нив, актуелните прваци не притискаа премногу кон противничкиот гол, рутински чувајќи ја предноста до самиот крај.

Вокер ја имаше најубавата шанса за трет гол на натпреварот, но неговиот удар заврши само во рамките од голот на Фулам.

Се вчитува...