Манчестер Сити дојде до нова победа во Премиер-лигата, откако вечерва го совлада Бренфорд на гости со 0-1 благодарение на голот на Фил Фоден. Со тоа Сити максимално профитираше од „киксот“ на Челси кој претходно одигра само 1-1 со Брајтон.
Фоден голот вреден победа го постигна во 16. минута. Сепак, избраниците на Гвардиола не доминираа онака како што знаат во продолжението од натпреварот. Во финишот постигнаа уште еден гол кој беше поништен по прегледување на ВАР.
Сити сега има осум бодови предност пред Челси, и девет пред Ливерпул, но „црвените“ имаат играч помалку.
Goal Phil Foden!!! #BREMCI
Brentford 0-1 Man City
pic.twitter.com/lao6yymm6I— WFGOAL (@WFTV16) December 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА