Манчестер Сити не се откажува од Лионел Меси

Главниот оперативец на Манчестер Сити, Омар Берард тврди дека англискиот клуб е подготвен следното лето повторно да тргне во офанзива по Лионел Меси.

„Граѓаните“ беа заинтересирани за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и летово, но едноставно беше невозможно да Барселона да и исплатат 700 милиони евра обештетување за неговите услуги. Меси на крајот се согласи да го одработи договорот до крај, а следната сезона како слободен фудбалер да може да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Поради тоа Сити уште сега тргнува во мисијата Лионел Меси, а англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ се подготвени да му ги исполнат сите желби на Аргентинецот само тој да премине на „Етихад“.

Се вчитува...