Манчестер сити и официјално го потврди трансферот на Илиман Ндаје од Евертон и тоа во пред завршување на летниот преоден рок.
„Граѓаните“ на Евертон му платија 60 милиони евра за Ндаје, а сумата преку разни бонуси ќе се зголеми за дополнителни пет милиони фунти.
Доаѓањето на Ндаје треба да ја пополни празнината на крилните позиции по заминувањето на Савињо и на Омар Мармуш во Тотенхем.
Welcome to City, Iliman 🩵 pic.twitter.com/u3WWUpVQOg
— Manchester City (@ManCity) September 1, 2026
За тоа колку е критична состојбата со оваа позиција најдобро се виде на последниот натпревар на Манчестер сити против Кристал Палас, кога Фил Фоден играше како крило, а менаџерот Енцо Мареска на клупата немаше ниту еден класичен крилен фудбалер.
По Ндаје, се очекува Манчестер сити да ја промовира ѕвездата на летниот преоден рок, Енцо Фернандес чиј трансфер тежок 140 милиони евра со бонуси, беше договорен токму на последниот ден од преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
