Поранешниот европски шампион и англиски гигант Манчестер сити ја потврди информацијата која што веќе беше позната неколку дена дека завршува ерата на Пеп Гвардиола на чело на клубот од „Етихад“.
Шпанскиот тренер помина една деценија на клупата на англискиот гигант во која ги испиша најубавите страници од историјата на клубот. Под водство на Каталонецот, Манчестер сити шест пати беше шампион на Англија, три пати го освои ФА купот, а пет пати беше најдобар во Лига купот на Англија.
Во 2023 година Гвардиола му го донесе на Сити првиот историски трофеј во Лигата на шампиони.
Pep Guardiola to step down after incredible decade as City Manager 🩵
🔗 https://t.co/u84AZYY23t pic.twitter.com/QYTPARaprO
— Manchester City (@ManCity) May 22, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
