Пеп Гвардиола ќе мора да се снаоѓа без стартниот голман Клаудио Браво во финишот од оваа натпреварувачка сезона по повредата што Чилеанецот ја заработи на синоќешното градско дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Првиот голман на „граѓаните“ поради повреда мораше да биде заменет во текот на второто полувреме, а лекарските прегледи покажале кинење на мускулот на ногата, по што се препорачува пауза од најмалку три седмици.
Ова значи дека Браво ќе ги пропушти натпреварите со Мидлсброу, Кристал палас, Лестер и со ВБА, а неизвесно е дали тој ќе може да настапи на дуелот од последното коло, во кое „граѓаните“ ќе му гостуваат на Ватфорд.
Тоа најверојатно ќе значи и крај на авантурата на чилеанскиот голман во Сити, откако дојде на инсистирање на Гвардиола и воопшто не ги оправда очекувањата, па стратегот на „граѓаните“ веќе најави ангажман на нов чувар на мрежата за следната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА