Манчестер Сити во финалето на ФА купот на Англија

Актуелниот првак Манчестер Сити се пласира во финалето на ФА купот на Англија, откако во полуфиналниот дуел го совлада Брајтон со 1-0, со голот на Габриел Хесус во четвртата минута од натпреварот. Тоа е прво финале во ова натпреварување за „граѓаните“ под раководство на Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Вотфорд и Вулверхемптон.

Се вчитува...