Манчестер Сити засилен на дуелот против Баерн Минхен

Манчестер Сити ќе може да смета на Ерлинг Халанд за натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Шампиони против Баерн Минхен, открива тренерот на „граѓаните“ Пеп Гваридола.

Норвешкиот голгетер заработи повреда на препоните во репрезентативната пауза и не настапи во квалификациите за ЕВРО 2024, го пропушти и натпреварот против Ливерпул во Премиерлигата, но ќе биде дел од првиот натпревар од двомечот кој е закажан за 11. април во Англија.

„Ерлинг е се подобар, се чувствува далеку подобро во однос на последните неколку дена. Имаме пет дена до натпреварот против Саутемптон и се надеваме дека ќе продолжи на тој дуел и ќе ни помогне како до сега. И да не настапи на тој натпревар ќе биде само од препазливост, по него сигурно се враќа“, вели шпанскиот стратег.

Се вчитува...