Манчини: После Аргентина повикувам млади играчи, мораме да мислиме на иднината

Италијанската фудбалска репрезентација денеска игра против Аргентина за трофејот „Финалисима“, како што се нарекува натпреварот меѓу првакот на Европа и на Јужна Америка. После овој натпревар ќе има нова ера на фудбалската репрезентација на Италија, која нема да игра на Мундијалот во Катар оваа година поради Македонија која ги елиминираше „аѕурите“ во баражот.

Роберто Манчини вчера на прес-конференцијата пред натпреварот, најави дека веќе од утре ќе повикува повеќе млади играчи во репрезентацијата.

„Овој натпревар ќе биде крај на еден циклус. Но, тоа не значи дека ќе заминат 15-20 играчи, туку дека ќе вклучам млади играчи во репрезентацијата и ќе почнам да мислам на иднината.“, рече Манчини.

Се вчитува...