Манџукиќ ги одби милионите од Манчестер јунајтед

Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ ја одби понудата за трансфер во Манчестер јунајтед, пренесуваат италијанските медиуми.

Манџукиќ беше огромна желба на Жозе Мурињо, кој му ветил и многу поголема плата од онаа што ја добива во Јувентус, но Хрватот одолеа на „повикот“ на милионите.

Јунајтед, според последните информации, нудел пет милиони евра по сезона. Но, ниту тоа не било доволно за да се убеди Манџукиќ, кај кого пресудил последниот состанок со тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.

Манџукиќ за Јувентус настапува од 2015 година. Досега за торинскиот клуб одигра 127 натпревари притоа постигнувајќи 34 гола.

Се вчитува...