Манџукиќ ги прекина преговорите со Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус му понуди нов договор на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ, но тој се уште не е сигурен дали сака да остане во Торино. Неговиот агент побара од раководството на „старата дама“ дополнителен период за да донесе одлука дали ќе стави потпис на нов, подобар договор кој ќе го врзе до 2021 година.

Јувентус би му ја зголемил годишната плата на Манџукиќ на 5 милиони евра, но тоа за него и не е најзначајно за 32-годишниот Хрват. Тој сака и гаранции од тренерот Масимилијано Алегри дека ќе добива доволно минутажа во неговиот тим.

Манџукиќ оваа сезона на девет натпревари постигна четири гола и забележа две асистенции.

Се вчитува...