Мане херој за Ливерпул во тешкиот натпревар против Вест Хем (ВИДЕО)

Ливерпул славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Вест Хем во натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Гостите пружија силен отпор против фаворитот, но сепак не успеаја да стигнат ниту до бод.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Садио Мане на асистенција на Трент Александер Арнолд го матираше гостинскиот голман Лукаш Фабијански. Со овој триумф „црвените од Енфилд“ повторно дојдоа на негатива од три бода зад единствениот конкурент за титулата Манчестер сити, кој утре треба да го одигра градското дерби против Јунајтед.

 

 

 

Се вчитува...