Мане: За титула ќе ни требаат шест победи до крајот на сезоната

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане верува дека неговиот тим може да стигне до титулата, но за остварување на големиот сон ќе морада слават на сите натпревари до крајот на сезонава. „Црвените“ во неделата со автоголот на Тоби Алдервирелд во 90. минута среќно славеа со 2-1 против Тотенхем, враќајќи се врвот на премиерлигашката табела.

„Да бидам искрен, мислам дека ќе ни бидат потребни сите победи до крајот на сезоната, иако тоа нема да биде лесно. Сепак, можеме тоа да го направиме бидејќи сме добар тим и играме многу добро. Не беше лесно со Тотенхем, тешко е да играш по репрезентативната пауза, бидејќи имавме само три тренинзи заедно“, рече Мане. 

Сенегалскиот фудбалер вели дека победата над Тотенхем му даде дополнителен ветер во грбот на неговиот тим.

„Победи како таа против Тотенхем, секогаш се извор за дополнителна мотивација. Можеме да победиме се до крај, можеме да ја освоиме Премиер лигата“, дополни Мане. 

Ливерпул во следното коло во Премиер лигата, в петок му гостува на Саутемптон.

Се вчитува...