Мане по хет – трикот против Порто: Да ти е мерак да играш со вакви соиграчи

Ливерпул го декласира Порто на гости со 0-5 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и практично ги разреши сите дилеми околу патникот во следната фаза од елитното европско натпреварување. На синоќешниот натпревар блескаше Садио Мане, кој постигна хет – трик за англискиот тим. А тој пофалбите ги пренасочи кон соиграчите.

„Ова е голема, блескава победа за нас. Не очекувавме, искрено, ваков развој на настаните, но навистина бевме одлични. Среќен сум за хет – трикот, но мене ми е мерак да играм со вакви соиграчи во Ливерпул. Се надевам дека ќе продолжиме во ваков стил и понатаму во Лигата на шампионите“, изјави Садио Мане.

Се вчитува...