Манев е пред трансфер во лидерот на хрватското првенство

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев е многу блиску до преселба во редовите на Ријека, тим што моментно се наоѓа на врвот на табелата во хрватскиот шампионат.

Манев моментно е член на Аданспор, но се очекува во следните денови да добие раскин на договорот со турскиот клуб за да може без отштета да ја избере следната дестинација во кариерата. Откако тоа ќе се случи, Ријека ќе биде новиот клуб на нашиот дефанзивец откако веќе се договорени сите детали околу соработката.

За Манев ова ќе биде камбек во хрватскиот шампионат, каде претходно со успех ги бранеше боите на Осијек, каде настапуваше како позајмен играч од Адана. Турскиот клуб дефинитивно не смета сериозно на 24-годишниот Македонец, па овојпат нема да стане збор за позајмица, туку за перманентен трансфер по кој Манев ќе се бори за главниот трофеј во хрватскиот фудбал.

Ријека моментно е првопласирана екипа на табелата со 39 бода по 20 комплетирани рунди, пред Хајдук со 37 и Динамо Загреб со 30 освоени бодови.

Се вчитува...