Манев го напушти Вардар и замина во БиХ

Вардар остана без уште еден важен дел од тимот откако Коста Манев реши да си замине од таборот на „црвено-црните“ и кариерата да ја продолжи во босанскиот прволигаш Вележ. 26-Годишниот Манев во текот на летово веќе беше поврзуван со клубот од Мостар, трансферот во последен момент пропадна, но преговорите беа обновени во текот на минатата седмица, по што дефанзивецот и официјално потпиша договор до крајот на сезонава.

Коста Манев своето детство го минал во Финска, каде ја почнува и професионалната кариера носејќи го дресот на Викингит, Клуби 04, ПК 35, Хонка и Интер Турку.

Во ситуација кога Вардар има забрана за купување на нови фудбалери, јасно е дека секое заминување му носи нови главоболки на тренерот Александар Васоски.

Се вчитува...