Манев се приклучи, Македонија „кова“ тактика за нова победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација во понеделник ја очекува дуел од пријателски карактер против селекцијата на Фарски Острови. Македонија во квалификациите влезе победнички, а сега посакува триумф и на вториот меч во овој мартовски циклус и против селекцијата која доаѓа во Скопје по ремито 1:1 против Молдавија во квалификациите.

Македонија денеска одржа тренинг, на кој се „коваше“ тактика за нова радост во понеделник. Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Столе Димитриевски, Висар Муслиу кои се ослободени од обврските, како и Ѓоко Зајков и Аријан Адеми кои ќе ги нема поради повреди. Ново име во националниот тим е Јован Манев, играчот на Аданаспор кој ќе го замени Висар Муслиу.

За утре е најавена прес-конференција, и уште еден тренинг, а мечот се игра во понеделник на Националната Арена „Тодор Проески“ во 18 часот.

Се вчитува...