Македонскиот дефанзивец Коста Манев сосема извесно заминува од редовите на Вележ. Манев не успеа да се договори со раководството на суперлигашот од БиХ за продолжување на соработката па, како што пренесуваат босанските медиуми, веќе е пред заминување од клубот.
Иако претходно беше најавено дека постои желба меѓу двете страни за продолжување на договорот, по истекот на истиот, сепак неможноста за договор околу финансиските услови го чини своето.
Манев, кој во Вележ пристигна од редовите на Вардар, сега е пред можност за повторно враќање во македонскиот фудбал. Интерес за него, како слободен фудбалер, постои и од неколку домашни прволигаши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА