Мангала откри дека е позитивен на Covid-19

Францускиот интернационалец Елаким Мангала е еден од петмината членови на Валенсија кои се позитивни на коронавирусот. По Езакиел Гарај, тој е вториот фудбалер кој призна дека е заболен од Covid-19. Тој е во изолација, но вели дека не чувствува сериозни симптоми од вирусот.

„Се чувствувам добро и немам симптоми кои асоцираат на вирусот. Како и да е, изолиран сум од моето семејство. Знам дека и ако немаме симптоми треба да ги следиме советите и да немаме никакви контакти со другите луѓе. Ако сите ги следиме ваквите инструкции, заедно ќе придонесеме да не дојде до понатамошно ширење на вирусот. Благодарност до сите за пораките и загриженоста, чувајте се“, истакна Елаким Мангала.

 

Се вчитува...