Манинен и Песонен ја решија Словачка за стартна победа на Финска на ЗОИ

Репрезентацијата на Финска славеше над Словачка со … во натпревар од 1. коло од групата Ц на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг. Словаците подобро го отворија мечот и поведоа со голот на Слафковски во шестата минута.

Финците брзо успеаја да ги консолидираат редовите по стартниот шок и веќе во 11. минута преку Манинен да израмнат на 1-1. До крајот на првиот период Финска постигна уште два гола преку Песонен во 15. и Алтонен во 19. минута и на пауза замина со предност од 3-1.

Во втората третина резултатот беше (1-1), откако прво Манинен со својот втор гол зголеми на 4-1, а потоа Слафковски на ист начин возврати и намали на 4-2 по 40 минути игра. Во последниот период Манинен по трет пат и Песонен по вторпат стрелаа и ги поставија конечните 6-2.

Се вчитува...