Манолас останува во Рома до 2022 година

Грчкиот интернационалец Костас Манолас ќе остане на „Олимпико“ и ќе го носи дресот на Рома до 2022 година. Тој се согласи да го продолжи договорот со „волчицата“ за дополнителни три сезони, обновувајќи ја соработката која претходно имаше важност до 2019 година.

Дефанзивецот дојде во 2014 година и остави одличен впечаток, а новиот тренер Еузебио ди Франческо сака да ја темели одбраната на неговите квалитети. Тој ќе заработува 3 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за евентуални успеси во Серија А и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...