Манасков и Веспрем без проблеми против Дабас

Дејан Манасков и Веспрем стигнаа до нова убедлива победа во унгарското првенство, откако на домашен терен славеа над Дабас со 38-20. Уште од самиот старт домаќините ја оправдаа фаворитската улога и само рутински го приведоа мечот до самиот крај за нов триумф.

Дејан Манасков беше меѓу најдобрите поединци на својот клуб постигнувајќи пет гола. Следен натпревар за Манасков и соиграчите во домашниот шампионат е дербито против Пик Сегед кое на програмата е во недела.

 

 

Се вчитува...