Марадона или Меси? – Шукер откри кој е најдобар според него

Претседателот на Хрватската фудбалска репрезентација и фудбалска легенда Давор Шукер вели кога би бирал меѓу Марадона и Меси секогаш Марадона ќе биде на првото место.

„Можеби не сум објективен, но тие кои добро ме познаваат знаат дека секогаш би го одбрал Марадона, кој беше мој соиграч, но исто така ми е и долгогодишен пријател. Меси секако е неверојатен фудбалер, тука се и Кројф, Бекенбауер, Марадона, Роналдо и Ди Стефано, тоа се најдобрите фудбалери на сите времиња. Сепак, пак ќе кажам морам да го изберам Марадона како најдобар“, изјави Шукер. 

 

Се вчитува...