Марадона излезе од болница

Легендарниот Диего Армандо Марадона ја потресе светската јавност вчера попладне кога се појавија информациите дека поради внатрешно крварење е примен во болница. Сепак паниката беше набрзо стишана кога по рутински преглед, по неколку часа тој беше пуштен дома.

Информацијата дека Марaдона е добро и дека не се работи за толку сериозен здравствен проблем, на Твитер ја соопшти неговата ќерка, Далма.

58-годишниот Марадона не давал изјави при излегувањето до болницата, а извесно е дека денеска нема да биде на клупата на Дорадос на првиот натпревар од новата сезона.

 

Се вчитува...