Марадона: Кристијано стана и пророк!

Кристијано Роналдо ги собира комплиментите на светската фудбалска јавност, а еден од најгласните во пофалбите на негова адреса е Диего Армандо Марадона.

„Кристијано Роналдо сега стана и пророк… пред натпреварот рече дека ќе даде три гола и навистина постигна хет-трик. Ние како Аргентинци сме горди на Меси, но Кристијано поседува неверојатна сила, тој е вистинско животно во противничкиот шеснаесетник“ – изјави Марадона.

Аргентинецот веќе извесно време е во „војна“ со Лионел Меси, па одличниот настап на ривалот го искористи за да го „пецне“ асот на Барселона.

Се вчитува...