Диего Марадона поради сериозни проблеми со коленото беше принуден да се откаже од тренерскиот ангажман во мексиканскиот клуб Дорадос. Врз аргентинската фудбалска легенда беше извршен хируршки зафат, со кој се чини дека здравствените проблеми на Марадона со коленото конечно ќе бидат надминати.
„Повторно одам како 15-годишно момче. Им благодарам на лекарите и на сите кои се грижеа за мене“, порача Марадона по операцијата.
Football Super Star Mardona after the leg surgery he walks well in the hospital corrrdor he thanked surgeons for the successful operation. #Maradona #football pic.twitter.com/5RYKCoFneE
— srikumar (@srikumarbalaa) July 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА