Марадона за Меси и Барса: Знаев дека нема да заврши добро…

Диего Марадона денеска го прославува својот 60. роденден, а во интервју за еден од најтиражните аргентински весници легендарниот фудбалер се осврна и на проблемите што неговиот сонародник Лионел Меси летово ги имаше во Барселона.

„Да бидам искрен, знаев дека приказната меѓу Барса и Меси нема да заврши добро. И јас сум бил член на тој клуб, знам каков притисок носи и ми беше јасно дека Лео еден ден ќе сака да си замине. Барселона воопшто не е лесен клуб за да бидеш таму и да го водиш тимот до победи. Меси беше таму со години и беше исклучително успешен, но не го доби третманот од клубот што го посакуваше. Тој даде се за Барселона, а кога еден ден посака да си замине и да ја смени средината му рекоа дека не смее“, истакна Марадона.

Тој ја спореди ситуацијата со Меси со онаа што самиот ја имаше кога сакаше да си замине од Наполи.

„Ме побара Олимпик Марсеј и ми вети двојно поголема плата. Бев кај претседателот Корадо Ферлаино и го замолив да ме пушти. Ми вети дека ако го освоиме Купот на УЕФА, ќе ми дозволи да си заминам. Денoт кога триумфиравме отидов во неговата канцеларија и му реков дека си одам, но тој се имаше премислено, ми кажа дека нема шанси тоа да се случи“, открива Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...