Мараш: Го победивме Вардар, не очекувам ништо помалку и против Нексе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во одлична атмосфера по победата во „вечното дерби“ против Вардар патуваат за Нашице каде утре ќе му гостуваат на хрватскиот Нексе во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа.

Ракометарот на „зелено-белите“, Матео Мараш вели дека не очекува ништо помалку на овој меч од тоа што го одиграа на натпреварот против Вардар.

„Се подготвувавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Подготвени ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме“, изјави Мараш. 

Натпреварот кој ќе се игра во Нашице е закажан за утре во 18.45 часот.

Се вчитува...