Мареј го предаде мечот, Ѓоковиќ без борба во четвртфинале во Мадрид

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј нема да го одиграат својот натпревар во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид. Причината за ова е повлекувањето на британскиот тенисер од турнирот поради болест.

Мареј и Ѓоковиќ немаат одиграно меѓусебен дуел од 2017 година кога во Доха славеше Србинот. Ѓоковиќ во четвртфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Хуберт Хуркач од Полска и Душан Лајовиќ од Србија.

 

Се вчитува...