Мареј нема да игра на УС Опен ниту во двојки

Поранешниот тенисер број еден во светот, Енди Мареј, се откажува од играњето во двојки во следниов период за да може да се врати во вистинска форма и да се натпреварува во сингл. Тој објави дека на УС Опен нема да учествува на турнирот во двојки и дека дури размислува во тој период да настапува на Челенџер турнир.

Шампионот од УС Опен од 2012 година вели дека планирал на годинашното издание на грен-слемот да учествува во двојки, но сфатил дека тоа само му го одолговлекува враќањето онаму каде што сака да биде.

Мареј доби вајлд-карта за учество на турнир во Северна Каролина кој ќе се одржува следната седмица.

Се вчитува...