Мареска во Сити носи големо засилување од Ливерпул

Манчестер Сити сè уште е активен на трансфер пазарот обидувајќи се да реализира неколку големи зделки во летниот преоден рок, вклучувајќи ги Коди Гакпо и Енцо Фернандез.

Сепак, ситуацијата околу Фернандез во моментов не е едноставна, бидејќи сè уште нема договор меѓу Манчестер Сити и Челси за аргентинскиот репрезентативец.

Затоа на „Етихад“ почна да се разгледуваат алтернативни опции, а едно име особено привлекува внимание. Станува збор за Алексис Мек  Алистер, играчот од средниот ред на Ливерпул и еден од најважните играчи на тимот од „Енфилд“.

Откако дојде во Ливерпул од Брајтон, Мек Алистер прерасна во исклучително важен играч, а неговите игри го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти.

Аргентинецот е особено ценет поради неговиот технички квалитет, преглед на играта и способност да одговори на различни барања на средниот ред.

Токму таков профил би можел да му одговара на Манчестер Сити, кој на крајот од преодниот рок бара решенија за дополнително зајакнување на тимот.

Сепак, евентуалниот трансфер би бил исклучително комплициран. Мек Алистер има договор со Ливерпул и е важен дел од тимот, па затоа нема индикации дека клубот од Енфилд лесно би се согласил на неговото заминување.

Приказната добива дополнителна тежина од фактот дека станува збор за трансфер меѓу два големи ривали на англискиот фудбал.

Се вчитува...