Марез прв си оди од Лестер, следен клуб – ПСЖ

„Бајката“ наречена Лестер заврши, а откако „лисиците“ сезонава не успеаја да обезбедат излез во фудбалска Европа јасно е дека ќе дојде до „распад“ на екипата што лани сензационално стигна до титулата во Лигата на шампионите. Иако дел од првотимците минатото лето потпишаа нови договори, оние најзвучни имиња ќе бидат меѓу првите што летово ќе си заминат, предводени од Ријад Марез.

Како што јавуваат англиските медиуми, алжирскиот интернационалец веќе го договорил и својот трансфер, па Марез својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ. Иако сериозен интерес искажуваа и Арсенал и Тотенхем, Марез решил да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Франција. ПСЖ е подготвен да плати 30 милиони евра, што е далеку под сумата од 50 милиони што Лестер ја бараше минатото лето, но огромниот пад во формата на Алжирецот придонесе и неговата вредност на пазарот сериозно да опадне.

Марез ќе биде првиот од неколкуте врвни играчи кои ќе си заминат од Лестер, а според најавите на англиските медиуми по негови стапки ќе тргне голманот Каспер Шмајхел, најдобриот стрелец Џејми Варди, како и Ислам Слимани, кој не се снајде најдобро во Премиер-лигата по 30 милиони фунти вредниот трансфер од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...