Лестер ќе има за што да жали по гостувањето против Манчестер сити по пеналот што спротивно на правилата го изведе Ријад Марез.
При резултат 2-1 судијата оправдано досуди пенал за гостите, но Алжирецот на ја искористи идеалната шанса за израмнување. Имено, Марез се лизна, па топката од едната удри во другата нога, што е спротивно на правилата, па иако таа заврши во мрежата, судијата го поништи голот, а играта продолжи со прекршок за Манчестер сити.
Само за потсетување, идентичен погодок пред неколку дена постигна Антоан Гризман за Атлетико во реванш дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но тогаш судијата не го забележа тоа и голот беше признаен.
Mahrez’s disallowed penalty, bottler. pic.twitter.com/3VLFBlpmbN
— ㅤㅤㅤㅤㅤㅤ (@VintageDeGea) May 13, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА