Маргуч: Добро се подготвивме за 7 на 6

mec baner

Словенците се задоволни по заслужената победата (29-22) над Македонија која им носи пласман во осминафиналето на СП. Клучот за триумфот, според Гашпер Маргуч, беше во одбраните на Матевж Скок, но и во прочитаната игра на македонската репрерзентација.

„Добро се подготвивме на нивната игра ’седум на шест’, бевме доволно агресивни и го имавме одличниот Скок на голот. Така што уште во првото полувреме постигнавме многу лесни голови на празен гол и во вториот дел само продолживме таму каде што застанавме во првото полувреме. Мислам дека Македонија има добра селекција, се е уште е се отворено во групата“ – изјави Маргуч.

Се вчитува...