Мари: Немам шанси против Новак, играм со метален колк

Некогашниот и сегашниот „рекет број еден“, Енди Мари и Новак Ѓоковиќ утре во осминафиналето од Мастерс 1000 серијата во Мадрид ќе се сретнат по пауза од повеќе од пет години.

Овој факт го коментираше Енди Мари кој изјави дека по повредата не знаел дали воопшто ќе има шанса повторно да игра против Србинот кој е апсолутен фаворит за победа.

„Во теорија не би требало да имам никакви шанси во тој натпревар. Тој е светскиот број еден, а јас играм со метален колк. Но, тоа е одлична шанса да видам во каква форма се наоѓам и повторно да заиграм против него. Водевме големи битки во минатото на едни од најголемите светски турнири. Мислам дека игравме во финалето на сите Гренд слем турнири, игравме и во финалето тука, но долго немав шанса да играм против него. Не знаев дали воопшто ќе добијам шанса да се сретнам со него па ќе ја искористам оваа шанса за да уживам“, изјави Мари.

Се вчитува...