Марин Докузовски се враќа во мак-баскетот, ќе предводи второлигаш

Еден од најтрофејниот македонски кошаркарски стратези, Марин Докузовски по неколкугодишна пауза се враќа во македонската кошарка и во новата сезона ќе го предводи второлигашот МКК Куманово со кој потпиша четиригодишен договор, потврди клубот од северот на Македонија.

Станува збор за Младинскиот кошаркарски клуб Куманово кој е оформен во 2018 година со цел развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти и нема поврзаност со КК Куманово кој претходната сезона испадна од Првата кошаркарска лига.

Последниот ангажман на Докузовски на македонската кошаркарска сцена беше во 2019 година кога беше дел од Работнички. Потоа се пресели во косовскиот шампионат каде го предводеше прволигашот Пеѓ.

Се вчитува...