Марио Младеновски потпиша за дански второлигаш

Македонскиот репрезентативец Марио Младеновски потпиша договор со данскиот второлигаш Фремад Амагер од Копенхаген. По неуспешната проба во Динамо Киев, на крајот Младеновски одлучи да стави потпис на договор со Фремад. Во претстојната сезона клубот има амбиции за влез во елитата.

Марио Младеновски блесна минатата сезона во дресот на Вардар, доби повик од селекторот Игор Ангеловски и во А-тимот на Македонија, а потоа си ги подигна документите од Вардар поради неисплатени долгови. Негов менаџер е поранешниот репрезентативец и екс-член на Вардар, Горан Попов.

 

 

 

Се вчитува...