Мариупол му го нанесе третиот пораз на Силекс во Анталија

Украинскиот тим Мариупол го совлада Силекс со 2-0 на натпревар одигран на подготовките во Анталија. Прволигашот од Украина и поранешен тим на Стефан Спировски, триумфираше благодарение на головите на Гончарук во 67. минута и Ладно во 77. минута.

Претходно Силекс беше поразен од Металац со 1-0, а потоа и од Торпедо со 1-4, со што го доживеа третиот пораз на подготовките во Анталија.

Следен натпревар за кратовци е против Рапид Виена на 8. февруари.

Се вчитува...