„Марка“: Халанд потпишува за Реал Мадрид оваа седмица, операција вредна 350 милиони евра!

Секој нов ден носи и нова шпекулација за Ерлинг Халанд, за кого европските гиганти веќе извесно време се во трка за летен трансфер откако Норвежанецот стана достапен за отштета од 75 милиони евра.

Британците тврдат дека Халанд е најблиску до Манчестер Сити, но мадридскиот весник „Марка“ денеска објави дека трансферот на Ерлинг во Реал е веќе договорена работа. Повикувајќи се на извори блиски до Флорентино Перез, сите детали од  трансферот се веќе средени, а официјализацијата би можела дасе случи уште во текот на оваа седмица. Борусија Дортмунд инситира Халанд што поскоро да ги разреши дилемите околу својата иднина, а Перез е подготвен официјално да потпише преддоговор за летниот трансфер, со што во ист преоден рок би ги договорил и Мбапе и Халанд како суперзасилувања за новата сезона.

Висината на отштетата што Борусија ќе ја добие е 75 милиони евра, но високи провизии за својот дел од преговорите ќе добијат и агентот Мино Раиола, како и таткото на Халанд, кој има директно влијание врз одлуката на својот син. Според „Марка“, целокупната операција заедно со платата што Норвежанецот ќе ја зема во наредните пет сезони, ќе го чини Реал вкупно 350 милиони евра.

Се вчитува...