Маркизио со порака до поединци: Вие сте идиоти!

Италија е најзагрозената европска земја кога е во прашање коронавирусот. На Апенините владее вонредна состојба, сите активности се запрени, но постојат и натаму и такви кои се однесуваат како ништо да не се случува.

Неодговорното однесување на поединци го изнервира и поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио кој преку социјалните мрежи испрати остри пораки.

„За сите вас кои денеска излеговте од куќите без никаква потреба – вие сте идиоти“ – напиша Маркизио кој изминатово лето ја заврши долгата професионална кариера.

Во Италија досега од коронавирусот починаа речиси 3.000 лица.

Се вчитува...