Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовте на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.
Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, неизбежно и темата за новите предизвици на Македонија на меѓународната сцена.
Македонија во јануари ја очекува нов настап на Светско првенство, овој пат во група со Исланд, Јапонија и Бахреин, за кој Марко Митев верува дека ќе биде позитивен. Желбата е секако најпрво две сигурни победи и да се изненади Исланд.
„Убава група ни се падна за ова Светско првенство, Јапонија, Бахреин и Исланд. Да, може да се каже дека Исланд се носители на групата. Може некој ќе каже дека после нив сме ние, но искрено и Јапонците и Бахреин имаат сериозни селекции. Во денешно време секој игра ракомет и може да кажеме дека секој натпревар ќе биде дерби во таа група. Нормално, ние одиме на секој натпревар да победиме, ќе сакаме и имаме шанси да освоиме прво место во таа група“ – вели Митев, веднаш дополнувајќи:
„Искрено, јас сакам да го освојам Светското првенство. Што се однесува до мене, јас секогаш ако се укаже шанса ќе одам и ќе го освојам Светското првенство… Но, најважно за нас е прво да ги победиме првите три натпревари, да ги победиме Јапонија и Бахреин, и да се обидеме да го победиме Исланд“.
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
