Марко Пјаца оди на позајмица во Фиорентина

Хрватскиот интернационалец Марко Пјаца и следната сезона ќе ја мине на позајмица. Напаѓачот на Јувентус минатиот шампионат го носеше дресот на бундеслигашот Шалке 04, а сега ќе биде дел од Фиорентина. „Виолетовите“ за него ќе платат 2 милиони евра за претстојната сезона, а потоа ќе можат и да го откупат за дополнителни 20 милиони евра.

Пјаца дојде во Јувентус од хрватскиот клуб Динамо Загреб за 23 милиони евра, но заработи тешка повреда на репрезентативен натпревар, по што мораше да замине во друга фудбалска средина, за да добие соодветна минутажа. По доаѓањето на Кристијано Роналдо, и останувањето на Пауло Дибала и на Марио Манџукиќ, јасно е дека немаше да има многу простор за напредок во тимот на „старата дама“ доколку останеше во Торино.

Се вчитува...