Марко Симоновски на чекор до Куманово

Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски е многу блиску до нов клупски ангажман, откако влегоа во завршна фаза преговорите со Куманово.

Одличниот шутер е без клуб неколку месеци, но по настапите за репрезентацијата во квалификациите за Евробаскет 2021 најави дека во најскоро време ќе има и клупски ангажман. Од неколкуте опции на маса, најинтересна за Симоновски е преселбата во таборот на Куманово.

Кумановци остварија одличен резултат со самиот пласман во Супер-лигата, но тренерот Петровиќ е свесен дека му се неопходни и квалитетни засилувања за борбите со најдобрите тимови на македонската кошаркарска сцена. Овој трансфер ќе претставува враќање на Симоновски назад во Куманово, тим со кој пред неколку сезони играше финале во плејофот, но загуби од МЗТ Скопје.

Се вчитува...