Марковиќ и Тодоровски донесоа триумф за Работнички против Шкупи (ФОТО)

Работнички го оствари првиот триумф во новата сезона совладувајќи го составот на Шкупи со 2-0 во воведниот натпревар од второто коло во Првата фудбалска лига. Напаѓачот Иван Марковиќ беше стрелец на водечкиот гол за „романтичарите“ во 23.минута од дуелот. Тој одлично се снајде по корнерот од десната страна во 23.минута, зафати волеј – удар и успеа да го совлада противничкиот голман Тулио. Во судиското продолжение, Работнички го потврди триумфот со голот на Димитар Тодоровски.


Шкупи имаше шанса за водство претходно, кога дефанзивецот Дарко Илиески со удар со глава ја погоди гредата од голот на Шишковски.

Херера се закани од слободен удар, но беше за малку непрецизен. Серџо Јуниор во 52.минута беше блокиран во последен момент, а во 85.минута шутираше крај дирекот. На крајот, Тодоровски ги казни промашувањата на тимот од Чаир и ја потврди победата на „романтичарите“.

Останатите натпревари од второто коло се играат утре, со почеток во 17 часот. Се -среќаваат: Борец – Вардар, Ренова – Струга Трим Лум, Силекс – Шкендија, Македонија ЃП – Академија Пандев.

Се вчитува...