Марковиќ по поразот: Правевме грешки што не смееме да ги правиме….

Игор Марковиќ го претрпе првиот пораз како селектор на Македонија откако нашите ракометарки вчера загуби од селекцијата на Црна Гора.

Квалитетот беше на страната на противникот, а Марковиќ можеше да увиди низа слабости во нашата игра на кои ќе треба да поработи во наредниот период.

„Направивме доста грешки кои не смееме да ги правиме. Во првото полувреме не го исполнивме она што го договоривме, а згора на сè, примивме четири погодоци на празен гол. Промашивме голем број зицери, но вистина е дека сме краток период заедно, па во октомври ќе мора максимално да се посветиме на сите детали и да пробаме да бидеме подготвени за ноември. Сигурен сум дека имаме потенцијал да играме „седум на шест“, а и самите ракометарки веруваат во тоа. Нема да се откажам од таа идеја. Мислам дека веќе во октомври ќе бидеме на подобро ниво и ќе имаме повеќе време да се посветиме на тоа, за да бидеме изненадување за Швајцарија. Хрватска е физички силен противник. Ние имаме доста повредени ракометарки, денеска морав да поштедам дел од нив. Сега се повреди и Ана Марија, така што ќе морам прво да го погледнам здравствениот билтен. Можеме да играме. Овие мечеви мора да ги искористиме максимално, да учиме и заедно да растеме. Мора да бидеме реални дека во овој момент сме зад Црна Гора и Хрватска. Се надевам дека девојките ќе сфатат дека треба да уживаме на секој натпревар и да го даваме максимумот“, истакна македонскиот селектор.

Се вчитува...