Марковски повторно ги скина лигаментите на коленото

Лоши вести доаѓаат од таборот на Фени индустри, откако Горјан Марковски заработи нова тешка повреда што ќе го оддалечи крилниот кошаркар подолго време од терените. Тој се повредил на претходниот дуел со Гостивар, а прегледите покажале дека станува збор за кинење на лигаментите во десното колено.

„Вистинска штета е што Марковски заработи тешка повреда. Се надевавме дека не е ништо сериозно, но прегледите потврдија дека тој ќе мора повторно да отсуствува долго време“ – истакнаа од таборот на Фени индустри.

Марковски важеше за еден од најталентираните македонски кошаркари по одличните настапи во дресот на Торус. Следеше трансфер во МЗТ Скопје, но две тешки повреди на младиот кошаркар придонесоа тој подолго време да отсуствува од терените.

 

Се вчитува...