Маркус Рашфорд доби кралско признание

Ангажманот на Маркус Рашфрод во борбата со гладот кај децата од ризични семејства добри валоризација во вид на признание од Кралицата. Традиционално на роденденот на Кралицата се доделуваат признанија за личности кои имале силно влијание во социјалниот и во општествениот живот. Маркус Рашфорд стана MBE или член на Редот на британската империја. Тоа е третото по редослед признание од кралски ред што може да се добие.

Придонесот на Рашфорд најмногу се однесува на тоа што го натера премирот Борис Џонсон да да ја продолжи програмата за ваучери за бесплатни оброци за време на летото за деца кои потекнуваат од семејства во ризик. Тој сега инсистира оваа програма да продолжи и во октомврискиот распуст со оглед на зголемувањето на бројката на заболени, рестрикциите и можноста семејствата уште повеќе да влезат во криза.

 

Се вчитува...