Марота ги откри плановите: Главен приоритет на Интер е да ги потпише Лукаку и Дибала до крајот на летото

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота вели дека клубот е во преговори за доведување на напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку и фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала.

Според „Би-Би-Си“, Лукаку е подготвен да игра за помала плата за да замине на позајмица во Интер, откако лани го засили Челси за 97,5 милиони фунти.

„Лукаку и Дибала се наша мета. Мора да ја земеме предвид и финансиската страна на сè. Ние сме во разговори со нив двајца и ќе бидеме среќни ако ги донесеме во Милано. Ако не, ќе размислуваме за други играчи“, изјави Марота.

Исто така, Марота додаде дека Интер речиси веќе се договорил за доаѓањето на Хенрик Мхитарјан (33) од Рома, како и голманот Андреа Онана од Ајакс.

„Нивното пристигнување ќе биде официјализирано во наредните денови“, заклучи Марота.

Се вчитува...