Италијанскиот калчолигаш Интер кадровски се преструктуира и по именувањето на најмладиот претседател во историјата, Стивен Жанг, ќе го ангажира и Џузепе Марота, довчерашниот директор на Јувентус кој го оформи овој одличен состав на „старата дама“. А тој треба веднаш да доведе четири големи засилувања и на „Џузепе Меаца“, уште во зимскиот преоден рок.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Марота најавил дека во Интер ќе ги доведе Лука Модриќ од Реал Мадрид, Антони Марсијал од Манчестер јунајтед. Исто така на неговиот список се и играчот за врска на Калјари и италијански репрезентативец, Николо Барела и креаторот на играта на Ривер Плата, Езекел Паласиос. Со овие четири засилувања, тимот на Лучијано Спалети треба значително да добие на квалитет и да се впушти во трка за висок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА